Македонската ракометна репрезентација со три порази во три меча го заврши настапот на Европското првенство во Дебрецин, но и покрај неуспехот да се освојат бодови во групата, на овој голем настан се промовираа неколку нови ракометари.
Уште пред стартот на ЕП беше најавено дека ова ќе биде првенство за подмладување на селекцијата. Кирил Лазаров поради повреда пред првиот меч, мораше да биде само селектор, но не и играч. Стојанче Стоилов пропушти два од трите меча поради Коронавирусот, а ги немаше ниту Манасков, Марковски…
Статистиката по комплетирање на трите меча вели дека Цветан Кузманоски енајдобар стрелец во македонскиот тим. Тоа беше играчот задолжен за изведување на пеналите Погоди осум пенали од 11 шута, а имаше и пет гола од крилната позиција, како и два гола од контра напад, па на крајот Кузманоски заврши со 15 голови.
Со двоцифрен број на погодоци се само уште и Мартин Велковски (погоди 11 пати од 17 шута) и Жарко Пешевски со 10 голови од 12 удари. Филип Кузмановски заврши со девет гола, но тој на третиот меч против Данска се повреди по само 10-тина минути игра. Филип Талески заврши со седум гола на ова Европско првенство.
Велковски и Кузмановски беа најдобри асистенти со по девет додавања за голови, но тие двајца беа и со најмногу тешнички грешки. Велковски имаше 10 загубени топки, а Фузмановски седум.
Голманите Никола Митревски и Мартин Томовски пристојно си ја завршија работата. Томовски заврши со 19 одбрани, додека Митревски кој на првиот меч воопшто не беше во составот, имаше 16 одбрани. Тоа значи дека голманите во просек имале по речиси 12 одбрани на натпревар.
Во продолжение може да ја погледнете комплетната статистика на македонската репрезентација на Европското првенство.


