Македонија и Фарски Острови играат без голови по првото полувреме на арената „Тодор Проески“ во меч од последното шесто коло во Лигата на нации. Во текот на сите 45 минути, нашата репрезентација доминираше, ја имаше иницијативата, поседот на топка, но гостите одлично се бранеа.
Најдобрата шанса Македонија ја имаше во 39 минута кога капитенот Барди одлично го пронајде Алими, а овој успеа да го надмудри противничкиот голман, но за жал топката помина неколку сантиметри покрај голот.
Свои шанси во првиот дел имаа и Барди, како и дебитантот Илиевски, а на спротивната страна гостите упатија еден удар во рамките на голот од далечина, но Димитриевски беше сигурен и одбрани.
Македонија го има обезбедено првото место во групата, но победа е потребна на овој дуел, за да бидеме конкурентни во евентуалниот бараж за пласман на Светското првенство во 2026 година.