Македонија со пораз се враќа од гостувањето во Кожани против селекцијата на Грција со конечни 28-26. Иако во поголемиот дел од средбата нашата селекција го имаше резултатот во своја корист, последните неколку минути беа пресудни, во кои нашиот јужен сосед искористи да ја средбата и на крајот да издвои победа.
Во воведните минути Македонија тргна фуриозно и направи 5-1 предност, но таа разлика полека се намалуваше во текот на првото полувреме, па на паузата се замина со еден гол разлика во корист на нашите ракометари, 13-12. Предноста во вториот дел ја одржувавме до последните 7-8 минути, а потоа домаќините направија серија од 4-1 и ја презедоа иницијативата во клучни моменти. Неколку напади подоцна Грција направи и два гола предност, па така до крајот Македонија мораше да се помири со првиот пораз во квалификациите.