Македонија ноќеска треба да добие светски фајтерски првак, дури и квотите тоа го најавуваат!

Македонскиот фајтер Горјан Гого Славески ноќеска во два часот наутро ќе го има најважниот меч во кариерата. Популарниот Гого „Храбро срце“ ќе влезе во рингот против искусниот Џек Линдзи и ќе се борат за титулата во БКФЦ во велтер категорија.

Горјан Славески е најдобро рангиран фајтер во БКФЦ верзијата и досега има пет победи во исто толку борби, сите остварени во изминативе година и пол. Македонецот против себе ќе има ривал кој исто така е непоразен. Американецот Линдзи е со четири победи во исто толку борби.

Популарниот Гого ветува дека ќе стигне до првата светска титула и дека Македонија ќе добие светски шампион.

„Ниеден противник не потценувам. секој меч го сфаќам сериозно. Ова дефинитивно е историски момент за мене и за мојата земја. Ќе ја донесам титулата во Македонија“, порача Славески непосредно пред борбата.

- Оглас -

Најнови вести