Македонија остана без победа, Молдавците со еврогол извлекоа реми (Видео)

Фудбалската репрезентација на Македонија во првиот натпревар во 2024 година одигра 1:1 против Молдавија на пријателскиот натпревар кој се играше во Анталија, Турција.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаа повеќе од играта, беа подобар тим на теренот на спортскиот комплекс „Мардан“ во Анталија, имаа повеќе од играта, имаа водство, но Молдавија се спаси од пораз со фантастичниот гол на Дамашчан во 82-тата минута. Имено, репрезентантивецот на Молдавија го совлада Димитриевски со ножички.

Претходно, Македонија во првата минута од судиското продолжение од првиот дел, поведе со голот на Бијан Миовски. Голот на Миовски може да го видите ТУКА.

Македонија во Анталија ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против Црна Гора в понеделник од 18 часот.

- Оглас -

Најнови вести