Победата на велшкиот ТНС против литванскиот Паневежис му донесе поени на Велс со кои оваа земја ја надмина Македонија на рангирањето на УЕФА, па сега Македонија е на 51-вото место, што значи дека остануваме со три клуба во европските купови.
Имавме добра шанса да добиеме и четврти претставник во Европа, но раните елиминации на Струга Трим Лум, Шкендија и Тиквеш, во комбинација со некои победи на клубови од земји (Грузија, Црна Гора и Велс) кои беа под Македонија на листата, придонесоа за ваков развој на настаните.
Под 50-тото место се Македонија, Белорусија, Гибралтар, Андора и Сан Марино. Белорусија го има Динамо Минск, кој е со гарантирано место во групната фаза во Конференциската лига, а ако направи чудо против Андерлехт, може да влезе и во групите од Лигата на Европа.