Одбојкарската репрезентација на Македонија е во „погон“ целото лето, се одиграа низа пријателски натпревари, учествуваме и во Европската златна лига, но сега на ред следува она вистинското и она што сите ги чекавме – квалификациите за пласман на Европското првенство.
Останува да одиграме уште два натпревари, а на континенталниот собир ќе патуваат победниците на групите, но и петте најдобри второпласирани селекции. Првиот од овие два предизвици се вика Грција, селекција против која имаме исклучително лоша традиција и три порази во последните две години.
Сепак, одбојкарите кон Атина заминаа скромно, со најава да освоиме барем сет за да бидеме во пол-позиција барем кога станува збор за второпласираните селекции, но зошто и да не изненадиме и да се вратиме со победа. Квотата за победа на Македонија над јужниот сосед во Sport Life е фантастична, 4.75, иако противник е голем фаворит.