32.8 C
Skopje
среда, 10 септември 2025

Македонија почна да се екипира за клучните квалификациски натпревари во септември

Дел од фудбалските репрезентативци на Македонија вечерва пристигнаа во Скопје пред септемврискиот циклус од три меча за настап на Мјундијалот во Катар што ќе се игра идната година.

Меѓу првите пристигна и Бобан Николов, новиот член на Шериф Тираспол, кој имаше проблеми со ковид-19, но од стручниот штаб што го предводи новиот селектор Благоја Милевски се надеваат дека ќе биде подготвен за настап.

Во Скопје веќе се и Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Кире Ристевски, Даниел Аврамовски, Дамјан Шишковски…, а останатиот дел од репрезентативците треба да пристигнат утре.

Првиот меч од квалификацискиот циклус во септември ќе го играме против лидерот во нашата група Ерменија на втори во Скопје.

Ерменците по три кола се единствената непоразена селекција во нашата група и имаат 9 бода, пред Македонија и Германија со по шест, Романија и Исланд со по три и Лихтенштајн кој нема бодови.

Против Исланд ќе играме на петти септември во Рејкјавик, а три дена подоцна на 8 септември гостин ќе ни биде Романија, репрезентација што нè порази со 3:2 во Букурешт.

 

- Оглас -

Најнови вести