Македонската кошаркарска репрезентација изгуби во мечот од второто коло од групата Г во квалификациите за СП, против Украина со 78:61.
Лошото второ полувреме не чинеше нов неуспех, иако имавме одлично прво полувреме.
Во продолжението, домашната селекција практично уфрли во повисока брзина и преку Артем Пустјови, најпрвин најпрвин го намали нашето водство на 33:34, а потоа и ги донесе до прва предност Украинците, кои практично и да не ја испуштија.
Единствено во наредниот напад, Крстевски погоди тројка, но тоа не ја поремети играта на домаќините кои во последната четвртина влегоа со предност од 49:47.
Првата посериозна разлика, Украинците ја направија на стартот од последните 10 минути, кога со тројката на Липови поведоа со 52:47.
Маслинко и Вајли со нивните кошеви одржуваа каква-таква неизвесност (55:52), но домаќините имаа решение за секој наш обид.
Набрзина преку Пустови и Сидоров дојдоа на 61:52 на пет минути до крајот и тоа беше доволен знак да се вклучи црвениот аларм кај нашата клупа.
До крајот на средбата, предноста на домаќините континуирано се зголемуваше, за конечниот резултат да изнесува -17 за нас (78:61).
Најефикасен играч во нашата селекција беше Бојан Крстевски со 14 поени, додека кај Украинците блесна Артем Пустовји со 18 уфрлени коша, и одличен процент од осум погодени од девет упатени удари од поле.
Следниот меч во рамките на овие квалификации, нашата селекција го игра на 24 февруари кога во Скопје ќе ни гостува Грузија.