Македонија игра одлична одбрана и има водство против Украина

Македонската кошаркарска репрезентација има водство 34:30 од на гостувањето кај Украина во рамките на второто коло од групата Г во квалификациите за СП 2023 година.

Нашите момци играат навистина одлично на ова гостување, и благодарение на добрата одбрана, имаат убава предност.

Црвено-жолтите имаа добра прва четвртина,, со кошот на Цејкоб Вајли нашата селекција го отвори мечот, а потоа и ги искористи неколкуте грешки на домашната селекција.

Најголемата предност ја имавме во последната минута од делницата кога исто така Вајли погоди за 11:17.

Сепак, во последните секунди, домаќините преку Олександар Липови дадоа тројка за 14:17.

Стартот на втората четвртина донесе враќање на домаќините кои со неколку атрактивни кошеви дојдоа до израмнување од 21:21, на пет ипол минути до полувремето, по што следуваше тајм-аут на селекторот Бајиќ.

Веднаш по него, Крстевски погоди шут за три поени односно Дамјан Стојановси реализираше шут за два, и дојдовме убаво водство од 26:21.

Во завршницата следеше нов, идентичен пад како во претходната делница, па домашниот тим намали на 30:32, но, со кошот на Андреј Маслинко, заминавме со предност од 34:30 на полувреме.

Најефикасен по првите 20 минути беше Адем Мекиќ со осум постигнати поени.

- Оглас -

Најнови вести