37.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Македонија повторно загуби, овој пат од јужниот сосед со 28 поени разлика

Кошаркарската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години го доживеа и вториот пораз на Европското првенство во Белград, овојпат од Грција со 83-55. За разлика од вчерашниот дебакл и рекордниот пораз од 75 поени против Литванија, денес нашите младинци се поразени со далеку помала разлика, но повторно убедливо.

Јасно е дека Македонија ќе заврши последна во својата група, во која е уште и домаќинот на првенството, Србија, селекција која вчера беше убедлива и ја совлада Грција со 96-63. Тоа значи и тежок ривал во осминафиналето, а потоа најверојатно и тешка битка за опстанок во „А“ дивизијата.

Се што успеаја да направат нашите кошаркари на денешниот меч да не ја загубат третата четвртина, која заврши нерешено, 20-20, додека останатите три им припаднаа на гршките кошаркари.

Кој ќе биде победник беше јасно уште по првиот период, кој им припадна на противниците со 27-13, а на полувремето веќе беше 46-23. Грците додадоа и дополнителни пет поени во последната четвртина за конечни +28 разлика.

Убедливо најефикасен, но и единствен двоцифрен во нашите редови беше Дамјан Данев со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести