Македонија продолжи да победува на крилјата на историскиот успех во Тбилиси и пласманот на ЕП, а денеска во Скопје победена е Естонија со 2:1.
Сега ни останува да ја победиме Ерменија во Никозија на 18. ноември и да чекаме поволен расплет на мечевите на конкурентите за првото место во нашата група, Грузија и Ерменија за да бидеме први и да се пласираме во Б сегментот во Лигата на Нации.
Македонија поведе во 29. минута со прекрасниот гол на Иван Тричковски, а и претходно и потоа во првото полувреме имавме шанси и за поубедлива предност.
Естонците израмнија на 1:1 во 52. минута со голот на Сапинен по големата грешка на Дарко Велковски, а потоа почна комплетната офанзива на домаќините.
Претходно и Елмас, Тричковски и Несторовски имаа убави шанси за погодок, а и по нашиот втор гол промашувавме, но за среќа и победивме.
Македонија моментно е на првото мкесто со 9 бода од пет меча, пред Грузија со шест од четири натпревари, Ерменија со пет од четири дуели, а Естонија е последна со два бода.