Сапинен го казни киксот на Велковски, Естонија израмни во Скопје (Видео)

Рауно Сапинен постигна убав гол за Естонија и гостите израмнија во 52. минута против Македонија во Скопје, поголемиот кикс на Дарко Велковски.

Стоперот на нашата репрезентација несмасно ја нагази топката, која дојде до Аинсалу во опасната зона, а по неговото проигрување Сапинен со прецизен удар израмни на 1:1.

Голот на Сапинен можете да го погледнете ОВДЕ.

Македонија поведе со голот на Иван Тричковски во 29. минута, а мора да победи ако сака да остане во трката за првото место во нашата група од Ц сегментот.

 

- Оглас -

Најнови вести