Историски треба да биде денешниот дуел на Македонија против Лихтенштајн

Македонската фудбалска репрезентација вечерва гостува кај Лихтенштајн, во меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Македонија уште е со шанси за место на Мундијалот, но за да останат реални соништата, мора да се победи Лихтенштајн.

Последен пат против овој ривал игравме пред седум месеци во Скопје, кога победивме убедливо со 5:0.

Голема е традицијата на дуели со овој противник, а билансот ни е речиси перфектен. Досега имаме одиграно 10 меча против Лихтенштајн, а сме се радувале деветпати, додека само еднаш било нерешено.

Ако вечерва Македонија победи, тоа ќе биде историски триумф затоа што Лихтенштајн ќе биде првата репрезентација против која имаме забележано двоцифрен број победи. Едноставно, ова е ривалот кој најмногу ни одговара за играње.

Против Лихтенштајн веќе имаме еден историски триумф, и тоа во ноември 1996 година, кога Македонија ја забележа најубедливата победа досега. Се радувавме со 11:1 и тоа е единствен пат кога сме постигнале двоцифрен број погодоци на еден репрезентативен меч.

ДОСЕГАШНИ МЕЧЕВИ ПРОТИВ ЛИХТЕНШТАЈН

28.03.2021 Македонија – Лихтенштајн 5:0

16.11.2018 Лихтенштајн – Македонија 0:2

13.10.2018 Македонија – Лихтенштајн 4:1

09.10.2017 Македонија – Лихтенштајн 4:0

24.03.2017 Лихтенштајн – Македонија 0:3

12.11.2005 Лихтенштајн – Македонија 1:2

07.06.2003 Македонија – Лихтенштајн 3:1

08.09.2002 Лихтенштајн – Македонија 1:1

09.11.1996 Лихтенштајн – Македонија 1:11

24.04.1996 Македонија – Лихтенштајн 3:0

 

- Оглас -

Најнови вести