Македонија сака со победа да го прослави пласманот на женското ракометно ЕП (Фото+Видео)

Женската ракометна репрезентација на Македонија, првпат после 12 години преку квалификациите обезбеди пласман на Европското првенство и вторпат во низа, откако на претходното првенство бевме еден од домаќините заедно со Словенија и Црна Гора.

Нашите ракометарки вечерва и официјално ги завршуваат квалификациите со дуел против Литванија, натпревар кој за нас нема никакво значење во резултатска смисла, но има за Литванките кои се уште се надеваат на пласман на Европското првенство како една од четирите третопласирани репрезентации.

За такво нешто ќе им биде потребно барем бод од гостувањето во Скопје, но Македонија вечерва е апсолутен фаворит со квота од 1.03 во понудата на Sport Life, додека квотите за нерешено и победа на гостинките се речеси неверојатни, 21.50 за реми и 23.50 за „двојка“.

На првиот натпревар, кој се одигра во Литванија, Македонија забележа тешка, но значајна победа кој тогаш ни ги отвори портите кон Европското првенство, од 28-31.

Денес ширум Европа ќе се одиграат голем број на квалификациски натпревари кои ќе го дадат одговорот кои репрезентации ќе ги пополнат преостанатите места на Европското првенство кое ќе се одржи кон крајот на годинава во Австрија, Швајцарија и Унгарија.

Инаку, Ракометната федерација на Македонија објави интересно видео на кое ракометарките на забавен начин го најавуваат мечот со Литванките, и ги повикаа фановите да дојдат во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.

 

- Оглас -

Најнови вести