Македонија само еднаш загубила од Русија на СП, ракометарите повторно ветуваат борба

Македонската ракометна репрезентација веќе нема шанси за пласман во четвртфиналето на Светското првенство во Египет, но тимот е должен да го даде својот максимум и на последните два меча кои за Црвено-жолтите немаат големо резултатско значење. Сепак, играат за својата и за честа на земјата која ја претставуваат и за оставање посветла слика пред фановите.

На денешниот меч со Русија, Македонија е аутсајдер на хартија, но традицијата покажува нешто друго. Овие две селекции досега трипати се среќавале на Мундијалите и билансот е изедначен – по една победа на Македонија (во 2009 година) и Русија (во 2019), и еднаш (во 2013) било нерешено.

„Пред нас се уште два тешки натпревари, но ние ќе дадеме 100 проценти од своите можности, сакаме да приредиме изненадување“, најавува голманот Мартин Томовски.

Во Sport Life има богата понуда на игри за овој меч од 15.30 часот. Може да се типува на стандардните игри и на оние дополнителни, како: прв дава гол, последен дава гол, прв седмерец, прво исклучување, кој тим прв ќе дојде до 3,5,7, или 10 гола, број на седмерци, број на исклучувања, кој играч колку голови ќе даде, во кое полувреме ќе има повеќе голови, итн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести