Македонија се мачи, но барем води против Грција

Македонската ракометна репрезентација води со 13:11 против Грција, по првото полувреме на мечот кој се игра во Струмица. Македонија е голем фаворит на овој меч, но на теренот не делува така. Грција поведе уште од првиот напад со 1:0, а веднаш потоа и со 2:0. Во 10 минута, гостите имаа предност од 6:3 и без проблеми ја оддржуваа предноста. Нападот на Македонија делуваше безопасно, а голманот на Грција имаше шест одбрани, додека првата интервенција на голманите на Македонија се случи дури во 17 минута, кога резултатот беше 8:6 за противникот.

Конечно првото израмнување се случи во 23 минута, кога на семафорот резултатот покажуваше 9:9, а потоа беше и 10:10. Во 26 минута, Македонија конечно прв пат поведе со голот на Никола Марковски од контранапад. Грција израмни на 11:11, а потоа следеше мини серија на Македонија од 2:0, која донесе предност на полувремето на нашата репрезентација.

 

- Оглас -

Најнови вести