Македонија се сеќава на својата фудбалска легенда – Пред 7 години во сообраќајна несреќа загина Петар Милошевски

Македонија денеска се сеќава на својата голманска легенда и голем човек, Петар Милошевски кој загина во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово на 13. март во 2014 година.

Во се уште мистериозни околности кои и по 7 години не се докрај разјаснети, се случи страшната трагедија. Тогашниот директор на репрезентацијата на Македонија, Милошевски се враќаше од ревијален фудбалски меч меѓу македонските фудбалски легенди и фудбалери од Куманово, а во возилото беше и тогашниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кој наводно управувал со возилото од марката Пежо, но тоа се уште и по 7 години не е официјално потврдено.

Милошевски беше голем професионалец и уште подобар човек и Македонија загуби вистинска легенда.Бранеше 59 пати за македонската репрезентација, а во богатата и впечатлива фудбалска кариера беше голман на Пелистер, на Вардар, потоа и на Трабзонспор, Малатија и Себатспор во Турција, а кариерата ја заврши како чувар на мрежата на кипарски Енозис.

Во 2012 година беше именуван за директор на македонската фудбалска репрезентација, функција што ја обавуваше се до трагичниот ден, 13. март во 2014 година, кога загина на 40-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести