Македонија се раситни со повреди, ама се ситни и двојката за победа во Тбилиси (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација има сериозни проблеми со повредите и двајца клучни играчи, Аријан Адеми и капитенот Стефан Ристовски, заедно со Ваљон Етеми нема да играат против Грузија и Бугарија, а коефициентите сепак имаат интересен тренд.

Двојката за мечот во Тбилиси на 23 септември, односно квотата за победа на Македонија падна од првичните 4.05 на 3.85, а и единицата за триумф на Грузија беше 1.90, а сега е 2.05.

Нашата репрезентација ги победи Грузијците на последниот меѓусебен дуел, на 12. ноември во 2020 година со 1:0 и тогаш избори историски настап на големо натпреварување, односно за првпат игравме на Европско првенство.

И сега мечот е многу важен и е директен дуел за првото место во четвртата група од Ц сегментот во Лигата на Нации, со тоа што Грузија има голема предност.

Грузијците нѐ декласираа во Скопје со 3:0 и сега нѝ треба идентична победа од 3 гола, па и повеќе на 23. септември во Тбилиси, или било каков триумф, па лидерот во нашата група да киксне на последниот меч против Гибралтар, а ние да ја победиме Бугарија, што е нереална варијанта.

 

- Оглас -

Најнови вести