0.8 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Македонија секогаш ја победувала Швајцарија, нека биде така и вечерва

Македонската ракометна репрезентација вечерва ќе го игра третиот, последен меч на „Жолт куп“ во Швајцарија. Во првите два меча, избраниците на селекторот Кирил Лазаров славеа против Бахреин (32:28) и против Украина (31:26), а сега следи мечот за прво место против домаќинот Швајцарија.

И Швајцарците победија во првите две кола и сигурно ќе сакаат да продолжат во победнички ритам. Сепак, традицијата вели дека Македонија треба да победи, затоа што во досегашните седум средби на нашата селекција против Швајцарија, сме се радувале.

Последниот меѓусебен дуел меѓу Македонија и Швајцарија беше на Европското првенство пред две години, кога нашата селекција победи со 29:27.

Денешниот дуел е последен за Македонија пред стартот на Европското првенство во Данска, каде ќе бидеме во група со домаќинот Данска, Португалија и Романија.

- Оглас -

Најнови вести