Македонија со Џејкоб Вајли во составот ќе гостува кај Ирска

Македонската кошаркарска репрезентација ќе има една измена во составот за претстојниот дуел од претквалификациите за Европското првенство 2029, и тоа во делот кај натурализираните играчи.

Омари Мур од Валенсија ќе биде ослободен од репрезентативните обврски, а неговото место ќе го заземе Џејкоб Вајли.

Според селекторот Владо Илиевски, промената се должи на различниот стил на игра што го практикуваат Азербејџан и Ирска, против кои Македонија ги игра овие натпревари.

Дуелот помеѓу Ирска и Македонија е закажан за 30 ноември, со почеток во 18:00 часот во Даблин.

- Оглас -

Најнови вести