Македонија со фуриозен финиш ја прегази Романија со осум разлика

Македонската ракометна репрезентација ја победи Романија со 30:22 во првиот бараж-меч за пласман на Светското првенство. Ова е само првиот чекор од тоа што треба да се направи за пласман на Мундијалот следната година.

Филип Талески беше најефикасен со 10 голови, додека по седумпати погодија Филип Кузмановски и Кирил Лазаров.

Реваншот против Романија е во Букурешт в сабота, по што ќе биде познат патникот за финалето од плејофот, каде што веќе чека селекцијата на Чешка. Македонија повеќе од една деценија е дел од најважните ракометни турнири, но престои многу битка за да се стигне и на ново Светското првенство.

Македонија уште од стартот покажа дека победата нема да биде доведена во прашање туку дека дилемата ќе биде само со колку разлика ќе биде изразена. На полувреме беше 16:13, а нашите добро започнаа и во вториот дел, па првпат поведовме со пет разлика (19:14).

Романците сепак не се предадоа и со мини-серија од 3:0 за 19:17, а во 46-тата минута гостите стигнаа на 21:20 и тоа беше знак за повторно будење на Македонија. Нашите ракометари направија серија од 4:0 за предност од 25:20 на десет минути до крајот.

Стојанче Стоилов првиот гол го даде во 55-тата минута и тој беше за највисока предност од шест гола (27:21), а потоа беше продолживме со одлична игра, а највисоката предност беше девет разлика (30:21).

Се надеваме дека оваа предност стекната на дуелот во Скопје ќе биде доволна за Македонија да се радува и на крајот по реваншот во Романија.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести