11.8 C
Skopje
сабота, 20 септември 2025

Македонија со пад од едно место на листата на ФИФА

Македонската фудбалска репрезентација забележа мал пад на најновата ФИФА ранг-листа, спуштајќи се за едно место и сега е позиционирана на 63-тото место.

Иако избраниците на Боби Милевски со победата над Лихтенштајн го задржаа првото место во квалификациската група за Мундијалот во 2026 година во САД, Мексико и Канада, негативен ефект врз рангирањето остави поразот на пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија.

Гледано според конкуренцијата во групата, Белгија е највисоко рангирана – на осмото место, Велс се наоѓа на 30-тата позиција, Казахстан на 118-тото место, додека Лихтенштајн е речиси на самото дно, на 204-тата позиција.

На врвот на светската листа е Шпанија, зад неа следуваат Франција, Аргентина, Англија и Португалија.

- Оглас -

Најнови вести