15.8 C
Skopje
петок, 27 февруари 2026

Македонија стана дел од најголемата младинска спортска манифестација во Европа

Денеска официјално беше потпишан договорот меѓу претседателката на Федерацијата на училишни спортови на Македонија, Елена Мицковска и претседателот на Плазма Спортски игри за млади, Здравко Мариќ, со кој Македонија стана дел од оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа што се одржува покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија и други важни организации, кои имаат за мисија да ги поместат границите на младинскиот спорт.

На свеченото потпишување на договорот присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски, меѓународниот тим на Игрите и високи претставници од политичката и бизнис заедница, како и меѓународни претставници – поранешниот еврокомесар и актуелен амбасадор на Игрите, Јоханес Хан, како и евромесарот Магнус Брунер.

На церемонијата присуствуваа многу пријатели на Игрите, спортисти и спортски функционери меѓу кои и заштитните лица на Игрите: Славен Билиќ, Жељко Обрадовиќ, Предраг Мијатовиќ, Шиме Врсаљко, а од Македонија тоа се Игор Ангеловски, Гоце Седлоски, Петар Наумоски, Индира Кастратовиќ и Игор Стефановски-Иџе.

Тука беа и Аљоша Асановиќ, Веселин Вујовиќ, Петар Метличиќ, Емир Спахиќ, Стипе Плетикоса, Предраг Даниловиќ, Никола Вујчиќ…

Плазма Младинските спортски игри, најголемиот настан за аматерски спорт во Европа, отвори ново поглавје со започнувањето на проектот во Македонија.

Македонија со овој договор им се приклучи на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија во големото спортско семејство на „Спортските игри за млади”, манифестација која годинава прославува тридецениски јубилеј.

Овој првично хрватски проект, со трансфер на знаење, организациски стандарди и вредности, како и зачувување на квалитетот и идентитетот, ќе ја продолжи својата мисија во текот на 2026 година со вклучување на повеќе од 400.000 деца во Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија и Македонија во спортски активности кои се целосно бесплатни за сите учесници.

Младинските спортски игри „Плазма“ беа основани во Сплит во 1996 година, а од првите игри до денес, сите активности за деца се целосно бесплатни. Во текот на три децении, учествуваа повеќе од 3.440.000 деца и млади луѓе.

 

- Оглас -

Најнови вести