35.8 C
Skopje
вторник, 12 август 2025

Македонија тестот против Саудиска Арабија ќе го одигра во Прага

Фудбалската репрезентација на Македонија на 4 септември ќе одигра пријателски натпревар против Саудиска Арабија во Чешка. Мечот ќе се одигра на стадионот „Викторија“ во Прага, со почеток во 17 часот.

Ова ќе биде трет меѓусебен дуел на двете селекции. Првата средба се одигра на 1 август 2001 година во Ријад и заврши 1-1, додека вториот меч беше на 22 октомври 2022 во Абу Даби, кога Саудиска Арабија победи со 1-0 во натпревар на кој за Македонија настапија играчи од домашниот шампионат.

Контролниот натпревар во Прага ќе биде значаен тест за избраниците на селекторот Благоја Милевски, кој ќе има можност да ја провери формата и тактичките идеи пред продолжението на квалификациите за Светското првенство 2026. Само три дена подоцна, на 7 септември, нашата селекција ќе го пречека Лихтенштајн на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести