
Фудбалската репрезентација на Македонија го има последниот тренинг пред утрешниот меч против Данска во Копенхаген во баражот за пласман на СП 2026.
Нашите фудбалери вечерва на стадионот „Паркен“ се запознаа со теренот на којшто утре ќе водат битка со фаворизираната домашна селекција.

Најавите од селекторот Гоце Седлоски, но и сите фудбалери се дека нема предавање и дека се дојдени во Данска да победат и да останат во трка за остварување на сонот, а тоа е пласман на првиот Мундијал.

