Македонија У21 доби пеколна група предводена од Италија во квалификациите за ЕП 2027

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година ги доби противниците во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2027 година.

Новиот селектор на младинскиот национален тим, Горан Станиќ, со своите избраници доби тешка група во која се наоѓаат Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија.

Квалификациите ќе стартуваат во март 2025 година, а треба да завршат во октомври следната година. Домаќини на ова ЕП ќе бидат Албанија и Србија, кои директно обезбедија место на завршницата.

- Оглас -

Најнови вести