Македонија после само 11 минути поведе со 1-0 на гостувањето кај Исланд во квалификациите за Светското првенство. Езџан Алиоски изведе корнер, а Дарко Велковски со глава ја упати топката кон голот. За наша среќа, голманот Рунарсон не реагираше добро и топката влезе во голот.
Ако против Ерменците се мачевме и за 90 минути не беше постигнат гол, овојпат избраниците на Бчпагоја Милевски брзо ја најдоа целта. Почетокот на средбата во Рејкјавик покажува дека Рисовите се многу опаснни по прекини.