21.8 C
Skopje
понеделник, 8 септември 2025

Македонија води на полувреме против Лихтенштајн со 1-0, со голот на Елмас

Фудбалската репрезентација на Македонија има водство од 1-0 против Лихтенштајн во Скопје во петтиот меч од квалификациите за Светското првенство.

„Дијамантот“ Елиф Елмас блесна во 15-тата минута, со соло-акција ја проби одбраната на гостите, издрибла четворица дефанзивци и со прецизен удар ја затресе нивната мрежа за водство од 1-0.

Ова е втор погодок на Елмас против Лихтенштајн во неговата репрезентативна кариера, а вкупно 14-ти во дресот со националниот грб.

Македонија имаше комплетна контрола на играта во првото полувреме, а се очекува во вториот дел да забележи и победлив триумф.

- Оглас -

Најнови вести