Кошаркарската репрезентација на Македонија води против Романија со 32-31 по првото полувреме на дуелот во Куманово од претквалификациите за СП 2027.
Нашиот подмладен национален тим имаше лошо отворање на првата и втората четвртина, а потфрли и во дефанзивниот скок, дозволувајќи му на противникот поени од втора шанса.
Џејкоб Вајли е најсветла точка кај Македонија, даде 15 поени, речиси половина кај Македонија, а имаше и речиси една третина од скоковите во нашиот национален тим кој има поддршка од неколкуилјадната публика во реновираната спортска сала.