Македонија за малку не издржа, учесникот на ЕП 2024 со два пенали до победа

Македонија загуби од Чешка со 1-2 на пријателскиот меч во Храдец Кралове, а на оваа средба избраниците на Благоја Милевски иако не блескаа, сепак оставија малку подобар впечаток отколку против Хрватска.

Овој меч беше генерална проба за Чесите пред настапот на Европското првенство во Германија и тие мора да бидат задоволни што победија. Домашните имаа многу повеќе шутеви и шанси, но не се прославија во нападот и погодуваа само од белата точка.

Патрик Шик од сомнителен пенал погоди за 1-0 во 60-тата минута, а во 65-тата изедначи Исник Алими со својот прв гол за Македонија во седмиот настап за националниот тим.

Победата ја донесе Антонин Барак од пенал во 97-мата минута. Наивниот фаул за пенал во нашиот 16-ник го направи Велковски над Крејчи.

- Оглас -

Најнови вести