Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва го продолжува својот настап во Европската златна лига. Следува третиот, воедно и последен турнир кој се одржува во Осиек, а наш денешен противник е токму домаќинот на турнирот, Хрватска.
Против Коцкестите имаме одиграно многу дуели, од кои четири се во Европската лига. Билансот е две победи за Македонија и две за Хрватска, сите во пет сета и токму затоа израмнети сме и по бројот на освоени сетови, по 10 за двете репрезентации.
Она што е интересно, Македонија на овие четири натпревари има освоено 422 поени, додека Хрватите само два помалку, односно 420. Сепак, вечерва Хрватска е голем фаворит за победа со квота од 1.10 во понудата на Sport Life, но затоа квотата за победа на Македонија е фантастична, 6.50. Доколку ја следите традицијата, тогаш сигурица е да се одигра и на плус поени, а квотата за оваа игра е 1.91.