Македонската фудбалска бајка станува пример за мотивација на други селекции

Словенија утревечер на свој терен игра против Косово, во меч од петото коло од Ц сегментот, во групата од Лигата на нации, а селекторот Матјаж Кек најде интересен начин да ги мотивира своите фудбалери. Кек на денешната прес конференција рече дека Словенија треба да го следи примерот на Македонија која успеа да се пласира на завршницата на Европското првенство.

„Словенија во минатото покажуваше дека во фудбалот се можни чуда и играше на големи натпреварувања. Приказната со Македонија е најновиот доказ дека во фудбалот се е можно. На моите фудбалери им реков дека треба да го гледаат примерот на Македонија, а не на Франција, Германија или Шпанија. Невозможно е да се следат светските веле сили. Македонија е убава фудбалска бајка“, рече Кек.

Македонија пред еден месец со 2:1 го победи Косово во полуфиналето од баражот за пласман на ЕП, а Словенија верува дека утре ќе најде игра со која ќе стигнат до трите бода против истиот тој ривал. Словенците се први во својата група со 10 бода од четири меча, додека Косово освои само два бода во четирите одиграни дуели од Лигата на нации.

 

- Оглас -

Најнови вести