Македонски блесок на СП во Грац, бронза со златен сјај на младите танчери

Македонија освои бронзен медал на Светското првенство во модерен танц, откако екипата на Studio Break a Leg блесна во категоријата Battle crew, на шампионатот кој се одржа во Грац, Австрија.

Екипата која освои бронзен медал со златен сјај беше во состав: Јана Здравковска, Ива Мешковска, Ума Муминовиќ, Мила Србиновска, Мартин Петровски и Павел Велковски.

На Светското првенство во Грац учествуваа екипи од дури 29 земји, а Studio Break a leg освен бронзата, имаше и едно осмо место во категоријата Hip Hop формации.

Studio Break a leg константно е учесник на европски и светски првенства, каде секогаш има забележителни настапи.

Оваа екипа која во Грац стигна до бронзата, е и актуелен европски првак во Battle Crew и континентални вицепрваци во Hip Hop формации, а сега имаше уште еден блескав настап во силна конкуренција од целиот свет.

 

- Оглас -

Најнови вести