Четворица македонски репрезентативци ќе играат во плејофот од Лигата на Европа.
Откако Елиф Елмас херојски го предводеше Наполи до победа над Лестер, а Бобан Николов и Шериф Тираспољ демонстрираа квалитет во Лигата на шампионите и завршија на третото место во групата, на магичен начин се пласираа Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Членовите на Динамо Загреб победија на тешкото гостување кај Вест Хем со прекрасниот гол на Оршиќ за кој веќе пишувавме.
Со тоа, тимот од Загреб заврши на второто место со 10 бода во групата Х и ќе игра во 16/финалето од Лигата на Европа идентично како и Елмас со Наполи.
И Црвена Звезда има големи причини за радост бидејќи остана непоразена на гостувањето кај Брага и одигра 1:1 и ќе оди директно во осмина-финалето.
Домашниот тим поведе преку Галењо од пенал во 52-та минута, а од истиот тип на прекин Црвена Зввезда израмни преку Александар Катаи, со тоа српскиот првак заврши на одличното прво место во групата Ф со 11 бода, еден повеќе од нивниот вечерашен ривал.
Додека, пак, Митјиланд ќе патува во Конференциската лига.
ЕВРОПА ЛИГА РЕЗУЛТАТИ
Антверп – Олимпијакос 1:0
Фенербахче – Ајнтрахт Франкфурт 1:1
Легија – Спартак Москва 0:1
Лион – Ренџерс 1:1
Наполи – Лестер 3:2
Реал Сосиедад – ПСВ 3:0
Спарта Прага – Брондби 2:0
Штурм Грац – Монако 1:1
Брага – Црвена Звезда 1:1
Селтик – Бетис 3:2
Ференцварош – Баер Леверкузен 1:0
Генк – Рапид Виена 0:1
Лацио – Галатасарај 0:0
Лудогорец – Митјиланд 0:0
Марсеј – Локомотив Москва 1:0
Вест Хем – Динамо Загреб 0:1