Нова тура македонски навивачи пристигнува во Берлин, но некои од нив само за да го гледаат мечот со Швајцарија, додека веројатно остануваат со празни раце и нема да бидат на трибините за неделниот меч со Германија.
„Дојдовме во Берлин, но уште не знаеме дали ќе присуствуваме на натпреварите. Сакавме да бидеме дел и од спектаклот во Дизелдорф, но немавме начин како да најдеме билети. Разочарани сме, но и за еден меч вреди да се дојде. Постојано ги следиме македонските ракометари, не сакавме да ја прекинеме традицијата. Мислам дека за средбата со Швајцарија ќе најдеме, имаме ветување дека ќе добиеме билети, а за мечот со Германија тешко“, вели Дарко.
Некои фанови одамна резервирале авионски билети за Берлин, кои сега може да им пропаднат доколку во последен момент не се најде некое решение.
Фалангата ќе биде бројна, но можеше да биде и побројна да не беше проблемот со билетите.