28.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Македонски репрезентативец потпиша за ТСЦ Бачка Топола (Фото)

Македонскиот репрезентативец Бојан Димоски и следната сезона ќе настапува во српската Супер лига откако потпиша двегодишен договор со ТСЦ Бачка Топола. Димоски минатата сезона ја мина како позајмен во белградскиот Партизан, а сега и официјално го напушти рускиот Акрон Тољати.

Дваесет и тригодишниот лев бек во Македонија настапуваше за Тетекс, Вардар и Брера, а потоа му беше продаден на Акрон за 73.000 евра. Сега рускиот клуб го продаде за 100.000 евра на српскиот суперлигаш.

Бојан Димоски има 20 настапи за репрезентацијата на Македонија, но селекторот Благоја Милевски не го повика за септемврискиот прозорец бидејќи сè уште немаше клуб за следната сезона.

- Оглас -

Најнови вести