Бојан Миовски денес го забележа својот прв настап во Лигата на шампионите откако беше стартер за Жирона во мечот против Феенорд, а вечерва во елитното фудбалско натпреварување ќе настапат уште двајца наши интернационалци, а еден шансата за настап ќе ја чека од клупата за резерви.
Стефан Ристовски и Аријан Адеми се стартери за Динамо Загреб во домашниот меч против Монако и се надеваат на први бодови во Лигата на шампионите оваа сезона, откако во првото коло доживеаја дебакл од Баерн Минхен (9-2). Адеми ќе биде и капитен на Модрите од Загреб.
За разлика од Ристовски и Адеми, Елиф Елмас мечот за Лајпциг против Јувентус ќе го започне од клупата за резерви. Нашиот репрезентативец и на првиот натпревар против Атлетико Мадрид беше резерва, но доби шанса за настап од 82-рата минута.