Актуелниот европски шампион во фудбал, репрезентацијата на Италија, можеби нема да игра на Европското првенство следната година кога треба да го брани трофејот, а ако не се најдат во Германија, една од причините ќе биде вечерашниот дуел со Македонија во Скопје.
Македонија има само теоретски шанси за пласман на ЕП, но потврди дека е многу незгоден ривал за Аѕурите, без разлика кој им е селектор.
Голот кој ни донесе бод вечерва, а на Италијанците им скрати два, беше дело на Енис Барди, кој даде прекрасен гол од слободен удар во стилот на италијанските легенди Алесандро Дел Пјеро или Андреа Пирло.