26.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Македонскиот шампион без кормиларот на гостувањето во Струга

Александар Васоски, тренерот на македонскиот првак Вардар, денес нема да предводи екипата на гостувањето во Струга во мечот од рамките на 11-тото коло во Првата лига на Македонија.

Во семејството на Васоски се случи трагедија, почина таткото на нашиот редовен аналитичар за Бундеслигата. Од таборот на Вардар изразија сочувство до семејството и поддржа за популарниот Тетовче во овие тешки моменти.

Вардар против Струга Трим Лум ќе атакува на четврта победа во досегашниот дел на шампионатот, за прекин на низата од три меча без триумф.

 

 

- Оглас -

Најнови вести