Вардар гостува кај тимот кој е перфектен на домашен терен и нема примено ниеден гол

Фудбалскиот шампион Вардар ќе има тешка задача на денешното гостување во Струга. Црвено-црните гостуваат кај екипата на Струга Трим Лум, која е негостопримлив домаќин кога се работи за освојување на бодовите.

Во досегашните четири меча што Струга ги одигра на стадионот крај Охридското езеро забележа исто толку победи. Домаќините се радуваа против Борец (1:0), Силекс (2:0), Шкупи (2:0) и Беласица (3:0). Варар четирите гостувања беше поразен само еднаш и тоа во Ѓорче Петров од тимот на Македонија ЃП, а карактеиристика е дека игаат дефанзивно и најважно им е да не примат гол.

Во останатите мечеви кои денеска се играат од 13:30 часот во Првата фудбалска лига ќе играат: Академија Пандев – Беласица,  Борец – Пелистер, Работнички – Пелистер и Ренова – Шкендија.

 

- Оглас -

Најнови вести