4.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Македонскиот стратег кој работи во Саудиска Арабија направи хуманитарен тикет

Македонскиот фудбалски стратег Славчо Војнески е предводник на саудискиот клуб Ал-Оробах, кој се натпреварува во Втората лига на Саудиска Арабија. Во стручниот штаб на Војнески се уште две македонски фудбалски имиња, Филип Деспотовски и Томи Пандев, што ја зацврстува македонската врска во тимот. Тој е гостин на „Спортманија“ во рубриката за хуманитарен тикет.

Целта на Ал-Оробах е обид за враќање во елитното друштво на саудискиот фудбал, а искуството на Војнески во интернационалниот фудбал ќе биде клучно во таа мисија. Тој досега има работено во неколку клубови ширум Европа и Азија, вклучувајќи ги Петрокаб, Пахтакор, Серед, како и во Турција со екипи како Ризеспор, Газијантепспор, Генчлербирлиги и Елазигспор.

„По доаѓањето во Саудиска Арабија, во клуб кој минатата сезона испадна од Првата лига, наидовме на една тешка ситуација, каде што повеќето од играчите беа заминати. Стратегијата на клубот беше да се создаде нова екипа, компетитивна за второлигашката конкуренција, и во еден таков модел на работа, успеавме да создадеме квалитетен тим. Буџетот сепак е ограничен, за разлика од неколку други клубови кои имаат на располагање поголеми средства“, вели Славчо Војнески за „Спортманија“.

„Лигата е сериозно квалитетна, има фудбалери кои прават милионски трансфери и во Втората лига, но нашиот клуб сепак нема такви можности. Реално имавме добар старт, по првиот натпревар кој несреќно го загубивме во 95-тата минута, потоа на шест меча немавме пораз. Имавме неколку победи на гости против сериозни противници и тоа ни дава право да размислуваме дека навистина можеме да имаме квалитетна сезона Се надеваме дека во јануари дополнително ќе се засилиме и дека ќе бидеме успешни и во вториот дел од сезоната“, истакнува македонскиот стратег.

Засега на Ал-Оробах му оди одлично, иако конкурентите за врвот располагаат и со поголеми буџети.

„По девет одиграни кола се наоѓаме на третата позиција само со три бода заостанување зад лидерот и еден бод зад второпласираниот тим. Имаме шест победи, едно реми и само два загубени натпревари. Сакаме да бидеме претенденти за враќање во елитата на Саудиска Арабија и ќе дадеме сѐ од себе тоа да го оствариме“, истакнува Војнески.

Тој напоменува дека има голема помош и од своите соработници, Филип Деспотовски и Томи Пандев.

„Сам човек не може ништо да направи, така е и во фудбалот, имам голема помош од моите први соработници во стручниот штаб, Филип Деспотовски и Томи Пандев.

Работи во Саудиска Арабија, но секако дека сериозно го следи и врвниот европски фудбал. Со задоволство направи и хуманитарен тикет, со надеж дека ќе успее да биде добитен и средстата да бидат донирани таму каде што се најпотребни.

- Оглас -

Најнови вести