Македонската кошарка секогаш имала големи таленти, а таа низа продолжува со младиот 15-годишен Илија Коневски. Тинејџерот на кого му се насмевнува голема кариера, моментално е дел од тимот на Цедевита Олимпија во Словенија.
Со доаѓањето во Цедевита Олимпија, Коневски веднаш се наметна како лидер во екипата, покажувајќи го својот раскошен талент и потенцијал со кој располага. На последниот меч кој го одигра, македонскиот кошаркарски бисер постигна 17 поени во убедливата победа над Хрстник од 82-63.
Пред да замине во Цедевита Олимпија, Коневски настапуваше зан тимот на Феникс, а претходно бил дел и од МЗТ Скопје. Коневски веќе е дел и од репрезентацијата на Македонија за играчи во неговата возрасна категорија.

