Македонскиот нокаут што ја кутна Германија во Дуисбург е топ-сензацијата во квалификациите за СП (Фото)

Во избор на „Граченоте“, фирма што се бави со статистика во неколку области меѓу кои и спортот, победата на Македонија против Германија во март во Дуисбург е убедливо најголемото изненадување во квалификацискиот циклус за настап на Светското првенество во Катар.

Со головите на Горан Пандев и на Елиф Елмас, нашата репрезентација го нокаутира фаворитот и подвигот силно одекна во светот на фудбалот.

Победивме со 2:1, а од „Граченоте“ проценија дека шансите за наш триумф биле само 7 отсто. Патем, Германците за првпат по две децении загубија меч во квалификациски циклус на домашен терен.

По нашата победа, втора е сензацијата што ја приреди Луксембург со победа против Република Ирска во Даблин со 1:0. Топ-10 изненадувањата можете да ги погледнете во продолжение.

https://twitter.com/GracenoteLive/status/1435890728740265985?s=20

Германците ќе ни бидат гости во Скопје на 11 октомври и ќе ни треба нов подвиг за да ги зголемиме шансите за пласман на Мундијалот во Катар што ќе се игра идната година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести