Македонија синоќа загуби од Украина со 2:3, во меч на кој нашата репрезентација водеше со 2:0 на полувреме, но тој меч веќе е минато. Сега целиот фокус е насочен на средбата в понеделник во Манчестер, кога Македонија ќе гостува на Англија на „Олд Трафорд“.
Иако најголем дел од навивачите се разочарани поради поразот од Украина, дел од фановите остануваат верни на националниот тим, па дури заминаа во Манчестер и во живо ќе ги бодрат нашите фудбалери на „Олд Трафорд“.


