Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година го загуби првиот меч на подготовките во турскиот туристички центар Анталија. Нашите младинци се поразени од врсниците од Белорусија со 3-1. Противникот уште во 22-рата минута дојде до водство од 1-0, а со голови во 61-вата и 69-тата минута зголеми и на убедливи 3-0.
Почесниот погодок за нашата репрезентација беше дело на Кире Стојанов во 82-рата минута.
Воедно ова беше деби и на новиот селектор на репрезентацијата, Горан Станиќ. Вториот меч на подготовките во Анталија, Македонија ќе го одигра во вторник, а противник ќе ни биде селекцијата на Азербејџан.