33.8 C
Skopje
петок, 5 септември 2025

Македонските надежи да стартуваат со победа во квалификациите за ЕП е со квота 7.00

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година денеска го започнува новиот циклус од квалификации за пласман на Европско првенство 2027 година. Првиот предизвик македонските надежи ќе го имаат на гостински терен, и тоа кај Полска во Краков.

Македонија е во улога на аутсајдер, но селекторот Горан Станиќ потенцира дека нема да се предадат и на теренот фудбалерите треба да го дадат максимумот.

„Како стручен штаб, фокусирани сме на Полска, имаме тежок гостински натпреавар на отворањето на квалификациите, но верувам во нашиот тим. Имаме капацитет, но се разбира, мора сериозно да се подготвиме и максимално да го искористиме краткиот период за подготовки. Се надевам дека сите на прав начин ќе ја сфатат својата улога во тимот. За мечот со Италија ќе размислуваме откако ќе се вратиме во Македонија“, вели селекторот Станиќ.

- Оглас -

Најнови вести