Младата фудбалска репрезентација на Македонија ги загуби шансите за пласман на Европското првенство, но гостувањето кај Холандија треба да биде мотив да се покаже дека оваа генерација има квалитет. Македонија досега освои само шест бода во шест меча и е на петтото место во групата, единствено Гибралтар е послаб.
Од друга страна, Холандија е перфектна досега и има седум победи во исто толку одиграни натпревари. Точно пред една година, Холандија во Скопје славеше со 2:0, а Лалињата досега во квалификациите постигнаа дури 21 погодок, што е просек по три дадени гола на натпревар.
И квотите во Sport Life покажуваат дека Холандија е апсолутен фаворит за победа, а ова е дуел на кој се очекува и да има четири или повеќе погодоци.