14.8 C
Skopje
петок, 10 октомври 2025

Македонските надежи со гол од речиси половина терен ја победија Ерменија

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година стигна до првата победа во квалификациите за пласман на Европското првенство. На стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, нашите надежи славеа против врсниците од Ерменија и тоа со 2:1.

Триумфот на Црвено-жолтите е посебно значаен затоа што е направен со пресврт во второто полувреме. Ерменија поведе со голот на Ховханисјан во 38 минута, па гостите имаа предност на полувреме.

Во вториот дел, нашите младинци заиграа подобро, а тоа резултираше со два погодоци во мрежата на гостите. По корнерот на Хамза, напаѓачот Димитар Трајков беше највисок во скокот и со глава погоди за 1:1.

Ремито беше актуелно до 83 минута кога се случи моментот кој ќе се прераскажува. Трајков од речиси половина терен ја исфрли топката напред, а гостинскиот голман несмасно реагираше, не го процени летот на топката, го прескокна и заврши во неговата мрежа.

За Македонија ова се први бодови, а и први постигнати голови во овие квалификации. Во претходните две кола загубивме од Полска со 3:0 на гости, а пооа загубивме и од Италија во Битола со 0:1.

- Оглас -

Најнови вести