Македонските навивачи ќе може да навиваат на Малта за само осум евра!

Фудбалската федерација на Малта ги одреди цените за мечот против Македонија кој ќе се игра на 12 септември на Националниот стадион во оваа земја. Според покажаната мапа со истакнатите цени, најскапата влезница за овој дуел од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, ќе биде 20 евра. Толку е цената за влезница за централниот дел од стадионот. За деца до 12 години и за луѓе над 60 години билетот е 50 отсто поефтин односно изнесува 10 евра.

На овој меч во Малта се очекува да има и македонски навивачи. За македонските навивачи ќе биде резервирана Северната трибина која е позади едниот гол. Според капацитетот, на Северната трибина може да собере нешто повеќе од 4.000 гледачи.

Најавите се дека Македонија ќе има поддршка на ова гостување и тоа од многуте Македонци кои во летниот период се заминати да работат во оваа земја. Претпоставките се дека ќе има околу 2.000 македонски навивачи, а цената на билетите за Северната трибина чинат осум евра. За деца до 12 години и за постари од 60 години, билетот е само четири евра.

- Оглас -

Најнови вести